Дневната болница која функционира во рамки на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле работи на прием и лекување на пациенти од 07-20 часот секој ден, во тек на велата недела.
Во дневната болница се лекуваат деца чија здравствена состојба не побарува 24-часовна хоспитализација.
Во дневната болница се прават сите потребни иследувања и се дава соодветна терапија.
Пациентите престојуваат со родител или друг придружник и после дадената терапија заминуваат дома, за следниот ден повторно да дојдат. Се контролираат од страна на лекар-специјалист педијатар, ако е потребно се назначуваат дополнителни иследувања. Доколку здравствената состојба е влошена и нема добар одговор на дадената терапија се префрлаат на оддел за 24 часовна хоспитализација.
Началник на Дневна Болница: Прим. Д-р. Љ.Маријановиќ Трајановиќ