ул. „Козле“ бб, 1000 Скопје+02 308 5761 Пон - Нед: 24 часа /

ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле

Јавната здравствена установа - Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле, Скопје е специјализирана иснтитуција за третман на деца на возраст од 0-18 години кои што страдаат од белодробни заболувања како што се:
  • Инфекции на горните дишни патишта
  • Бронхит и бронхиолит
  • Бронхијална астма
  • Рецидивен бронхит
  • Пневмонија
  • Бронхиектазии
  • Белодробен ехинокок
Д-р. Jетмир зибери

Д-р. Jетмир зибери

М-р. Тахир Таири

М-р. Тахир Таири

Нашата Мисија

Развој и унапредување на детската здравствена заштита низ развој на дијагностички, терапевтски и истражувачки активности. Со голем ентузијазам ние сме и посветени на нашата мисија.

Нашата Цел

Наша цел е да се исполнат барем дел од нашите зацртани планови за иден развој. Веќе сме на тој пат и имаме резултати во позадина. Мошне свесни за актуелните околности во нашата земја ние заеднички ја делиме истата судбина. Но, сепак, ова не го прифаќаме во целост. Секако, постојат можности за поддршка, соработка и адекватен развој.

Историјат

Со одлука на Советот за народно здравје на НРМ во месец феврурари 1952 година е формирана специјална детска болница за белодробни заболувања, како санаториум за детска туберкулоза..Оваа болница со својата работа започнала на 02.06.1952 год. организирана во старите адаптирани згради на поранешниот родилен дом.
По земјотресот во 1963 година, со помош на Владите и хуманитарните организациии на Норвешка и Шведска, како подарок на Скопје, на падините на планината Водно се изградила нова модерна болница од монтажен павилјонски тип со 5.000м2 покриена површина, составена од 4 основни градежни целини(дрвена градба), сите функционално поврзани во еден комплекс и со капацитет од 200 кревети.
Новата болница започнала со работа на 25.12.1965 година. Прв директор на оваа установа и нејзин основач бил Прим.д-р Климентије Милошевиќ.

Галерија