ул. „Козле“ бб, 1000 Скопје+02 308 5761 Пон - Нед: 24 часа /

Новости

Компанија со срце: Подравка донираше пакети со производи за институтот за белодробни заболувања кај децата Козле

Денеска, претставници од менаџментот на компанијата Подравка заедно со амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Северна Македонија Нивес Тигањ, донираа пакети со прехрамбени производи за деца од 0-18 годишна возраст кои престојуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, како и за болничкиот персонал кој се грижи за нив.

Како општествено одговорна компанија, Подравка води грижа првенствено за најмладите за кои смета дека се нашата иднина, со желба да им помогне кога помошта им е најпотребна токму преку ваков тип на хуманитарни иницијативи.

“И покрај вонредните услови во кои живее регионот и светот, Подравка се труди да помогне онаму каде што е најпотребно. Денеска ќе се обидеме да им украдеме насмевка на децата кои се лекуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, во Скопје. Во име на сите вработени во Подравка даруваме едно големо срце за побрзо оздравување на децата и нивно враќање во нормалниот живот“, истакна Игор Мањиќ, директор на компанијата Подравка во Р. Северна Македонија.

 

Огромна благодарност од директорите др. спец. Ангелчо Андоновски и мр. Ријад Алими за несебичната помош. СЕ ЗА ДЕЦАТА.

Сподели