ул. „Козле“ бб, 1000 Скопје+02 308 5761 Пон - Нед: 24 часа /

Новости

Иднината на третманот на дечињата со респираторни инфекции е во антивирусна и имунотерапија

ПИШУВА:
Д-р Ангелчо Андоновски
специјалист педијатар

Aкутните респираторни инфекции (АРИ) или акутните воспалителни болести на респираторниот систем се најчести инфекции на современиот човек, бидејќи тие сочинуваат две третини од сите инфекции. АРИ сe најчестата болест на човекот. Децата почесто заболуваат, во просек 4 до 7 пати, а оние со престој во колективни средини (детски градинки) уште почесто – до 10 пати годишно.

Респираторниот систем кај човекот е најотворениот органски систем воопшто, кој е во постојана комуникација со надворешната средина. Други причини за високата инциденца на АРИ се наоѓаат во бројот и природата на голем број патогени т.е. предизвикувачи. Постојат голем број на различни причински микроорганизми со бројни антигенски типови, кои се лесно преносливи (капки и допир). Повеќе од 500 антигенски различни типови и подвидови на микроорганизми може да предизвикаат АРИ. Меѓу нив се и најбројните и најчестите респираторни вируси кои се одговорни за повеќе од 85% од сите АРИ. Нашите превентивни и третмански опции се многу скромни, бидејќи не постојат ефикасни и безбедни специфични антивирусни лекови за третман на вирусни респираторни инфекции, а антибиотиците влијаат само на бактериите.

 

Повеќе од 500 антигенски различни типови и подвидови на микроорганизми може да предизвикаат АРИ. Меѓу нив се и најбројните и најчестите респираторни вируси кои се одговорни за повеќе од 85% од сите АРИ. Нашите превентивни и третмански опции се многу скромни, бидејќи не постојат ефикасни и безбедни специфични антивирусни лекови за третман на вирусни респираторни инфекции, а антибиотиците влијаат само на бактериите. Вирусните инфекции немаат соодветен третман, но го имаме ИНОЗИН АЦЕДОБЕН ДИМЕПРАНОЛ кој има 100% учинок

 

Под акутни инфекции на горниот респираторен систем, ние обично означуваме лесна болест, обична настинка и малку потешка форма со малку покачена температура наречена фебрилна респираторна инфламација. Овие инфекции се најчести во зимските месеци. Симптомите обично траат помалку од 14 дена и најчесто исчезнуваат сами по себе без компликации. Во повеќето случаи, причините за овие инфекции се респираторни вируси кои се над 200 типа.

 

Повеќе прочитајте на педијатар.мк

Сподели