Информација од ИБЗД
ИБЗД Козле ја информира јавноста , дека секое дете со фебрилност и респираторна симптоматологија која трае подолго од 48 часа да се јави на преглед првин кај матичниот педијатар за да процедурата биде спроведена според епидемиолошките препораки кои вклучуваат епидемиолошка анкета.
ИБЗД Козле постапува спрема препораките од здравствените власти и е подготвена за понатамошно справување со актуелната состојба.
Комисијата за заразни болести донесе одлука сите фебрилни педијатриски пациенти со респираторна симптоматологија да се упатуваат за дијагноза и лекување во Институт за белодробни заболувања кај деца – Козле, Скопје. Постоечките хроничните пациенти кои се хоспитализирани во Институт да бидат префрлени на УКЦ -Клиника за детски болести, по утринската визита на 16.03.2020.
Овие активности се со цел да се обезбедат услови за третман на педијатриски случаи на КОВИД-19, а истовремено да се намали можноста за интрахоспитални инфекции и пренесување на болеста кај тешки хронични педијатриски пациенти.