ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019
Врз основа на член 48 став 4 одЗакон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот наподнесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија” бр. 11/15 и 35/18), ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2019
за унапредување на административни службеници
ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје објавува Интерен оглас за унапредувањена 1 (едно) лице – административен службеник за следното работно место:
1.Раководител на Одделение за административно технички работи со шифра на работно место: ЗДР 01 02 Б04 001, 1 (еден) извршител.
а) Посебниуслови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС илизавршен VII/1 степен, Економскинауки,
– работно искуство, и тоа:
– за нивото Б4 најмалку најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
б) Посебни работни компетенции:
-активно познавање на компјутерск ипрограми за канцелариско работење,
– потврда за положен испит за административно управување,
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕвропскатаУнија (англиски, француски, германски).
в) Распоред на работното време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– дневно работно време: со почеток на работно време во 07:30 и завршеток на истото во 15:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
г) Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.235,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава во писмена форма преку архивата на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, до службата за човечки ресурси на: Населба Козле бб, Скопје, како и до службената електронска адреса: kozleinstitut@gmail.com
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потвдри за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле Скопје.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување, формирана од доиректорот на Институтот. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување, како: административната селекција и интервјуто.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.
Превземи пријава по интерен оглас ОВДЕ